
Како албанските партии ќе коалицираат со Апасиев кој е против НАТО и признавањето на Косово
Лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев во периодот меѓу двата изборни круга на локалните избори преку социјалните мрежи објави цитат од Фидел Кастро, во кој се потенцира дека иако неговата партија има малку претеници нема да коалицира со партии кои имаат дамки во своето работење.
Сепак, само две недели по таа објава, Апасиев седна на маса со цел договорање на ново парламентарно мнозинство.
Оваа неприродна коалиција го наметнува и прашањето дали Апасиев ќе остане на своите ставови за излез на земајва од НАТО, како и безусловно повлекување на сите безбедносни сили од странски воени мисии кои немаат мандат од ООН.
Партијата на Апасиев исто така повикува и на отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја, но и за воспоставување на стратешко партнерство со Кина.
Дали и колку ваквите ставови можат да влијаат на создавање на ново парламентарно мнозинство и колку албанските политички партии се подготвени да влезат во еден таков договор, земајќи ги предвид изјавите дека тие се за во Влада која ќе го почитува Преспанскиот договор, но и секако правата на албанците во земјава.