24sedum.net

24 седум вести портал

Поради пожарот, цел РЕК Битола е исклучен, продолжува влечење струја од европската мрежа

Поради пожарот и воспоставените безбедносни процедури цел РЕК Битола е надвор од производствениот процес и не произведува струја.

Релејната заштита автоматски ги исклучува сите блокови од производство во случај на пожар, како што беше синоќешниот на трансформатор кој бргу е изгаснат, но процедурата за исклучување е автоматизирана.

РЕК Битола обезбедува околу 70 проценти од потребите за енергија на граѓаните и домаќинствата во државата.

Додека се подигне производството, Македонија преку МЕПСО продолжува со недозволено преземање на струја од европската енергетска мрежа, што потоа ќе треба да се надополни од државниот буџет, потврдија за Телма извори од надлежните институции.

Во пожарот нема повредени, а истрагата ќе треба да открие дали причината е дефект или човечки фактор.