24sedum.net

24 седум вести портал

ВИДЕО: Пожар на трансформатор во РЕК Битола

Доцна вечерва избувна пожар во РЕК Битола. Според првичните информации станува збор за пожар на трансформатор во рамките на термоцентралата. Пожарот е изгаснат, соопштија од РЕК.

Новинарката на Телма Емилија Мисирлиевски јавува дека според првичните информации нема повредени, а се огласи и комбинатот.

-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од РЕК.

На видео објавено на ФБ профил на Сребре Марковски се гледа пожарот и како интервенира противпожарно возило.