24sedum.net

24 седум вести портал

Поради енергетската криза, граѓаните купуваат дрва

По најавите за можна енергетска криза, граѓаните почнаа да се насочуваат кон греење на дрва. Многумина од нив велат дека се греат на струја, но дека купиле и дрва, како подготовка доколку во иднина се применуваат енергетски рестрикции. Дел од нив велат дека цената на кубен метар дрва за греење е зголемена за 400 денари. Поскапувања има и и кај пелетите.

„Со струја. Имам алтернатива, имам и дрва.
– Дали купивте дрва?
-Сега не, пред три години да, бидејќи не се знае, чуваме резерви. Нема друго решение, ако цената на струјата се покачи, ниски плати, тогаш граѓаните се принудени да се греат на дрва“.

„Се грееме на струја. Немам избор, морам да купам јаглен. Минатата година се греев на струја. Сега се е скапо, се. Ако нема струја, ќе одиме во кујна и ќе се грееме на јаглен“.

„На струја и дрво.
– Дали купивте дрва оваа година?
Да. Ќе купам за 3 илјади денари, но не сега. Сега уште еден месец ќе продолжам да се греам на струја, а потоа ќе продолжам на дрва. За да заштедам малку струја.“

„Со пелети. Чекаме да ни ги донесат од Крива Паланка, 40 бидејќи немаше повеќе. Ги зголемија цените, и нема, и ги зголемија цените. Не знам што ќе правиме понатаму, се со струја ќе остане. Ако има рестрикции на струја ќе се вселиме во станот, има парно.“

Зима со дрва. Купив еден метар. Нема за повеќе.
-Нема дрва или пари?
-Нема пари.

„Со струја. Не размислуваме за греење на дрва, но ќе биде тешко со малите деца“.

„На дрва. Купивме. Поскапо е за околу 200-300 денари. Плус сечењето 150 денари, достигнува 450, 450 денари.“

„Со дрва. Купивме. Иста цена како и минатата година. Ги купив лани, 3.700 се и сега. Но оваа година има помалку дрва од претходно“.

„Во текот на зимата со дрва. Да, купивме. Купивме на време, успеавме да најдеме по стара цена.

Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека вкупното производство на дрвна маса е намалено за 1,4 отсто, а откупот е зголемен за 0,8 отсто.

извор: alsat-m