
Со kрадена струја и 16 ригови „копале“ криптовалути
Денеска полициски службеници од Одделението за крим*налистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, извршиле претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено криBично дело „тешка кражба“.
Претрес е извршен на ул.„Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на ул.„Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63).
При претресот е најден пиш-тол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови (машини со кои се копаат криптовалути) со 99 графички картички, 1 мајнер) со кои се вршела кра-жба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН.