24sedum.net

24 седум вести портал

Апасиев може да биде kлучен фактор за Владата да опстане – се огласи Реџепи: Во четврток нема да гласам ако на истиот список е Левица

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи Зејд за тв 24 тврди дека негов услов за ставање потпис на иницијативата за гласање доверба на Владата било Левица да не учествува во тој фронт. Реџепи во телефонски разгов ор за тв 24 вели дека ќе побара и од останатите пратеници на Алтернатива да се повлечат од иницијативата.

Мојот услов беше Левица да не биде дел од потпишувачите. Кога јас потпишував, кога видов отпосле дека партијата која се дои со антиалбанска реторика, тогаш нема да бидам во таква коалиција. Ќе го пренесам и мојот став во претседателството. Ќе побарам да бидеме сите искрени кон ставот дека ни е наметнат коалиционен партнер.

Доколку Левица остане, јас нема да го прифатам тој список и тоа гласање, вели тој.

Пред само еден час пак премиерот Заев се огласи дека мнозинството пратеници се на страната на владејачката партија СДСМ.