24sedum.net

24 седум вести портал

Апасиев по изјавите на Реџепи: Беса, Алтернатива и Алијанса имаат историска шанса да го испратат ДУИ во опозиција

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса имаат, како што вели, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.

– Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, напиша Апасиев на Фејсбук.

Тој додава дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а тие – максимум девет.

Објавата на Апасиев следува откако пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека нема да биде дел од списокот за уривање на владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.