
Храна што ги прочистува белите дробови кај пушачите
Според Светската здравствена организација еден од десет возрасни луѓе секоја година умираат од пушењето цигари. Овие алармантни бројки би требало да ги мотивираат пушачите да престанат да пушат, но тоа е многу тешко бидејќи никотинот создава зависност.
Хемикалиите во цигарите предизвикуваат најразлични болести, како рак на бели дробови. Ако ви е тешко да се откажете од цигарите, но сте загрижени за здравјето поради штетните хемикалии, тогаш користењето на оваа храна во секојдневната исхрана би можело да помогне во прочистувањето на белите дробови.
1. Бразилски ореви

Богати се со витамин Е и селен, силен антиоксиданс што е заштитник на човековите клетки од штетното дејство на слободните радикали. Еден бразилски орев ја содржи препорачаната дневна доза на селен.
2. Кромид
Кромидот има ефективно влијание на различни болести. Содржи антиоксиданс кој ги чисти отровите од белите дробови. Според резултатите од студија направена во Швајцарија и Италија, консумирањето на еден до 7 кромиди неделно го намалува ризикот од рак на дебелото црево, грлото и јајниците. Исто така, помага во забавување на растот на клетките од ракот.
3. Ѓумбир
Исто како кромидот, и ѓумбирот има низа позитивни влијанија во нашиот организам, ги отвора бронхијалните туби, има антибактериски, антисептични и антивоспалителни состојки кои се ефективни против кашлицата кај оштетени бели дробови. Благодарение на антиоксидантните својства ги елиминира слободните радикали за чистење на белите дробови.
4. Грејпфурт
Неколку студии покажале дека консумацијата на грејпфурт го намалува ризикот од рак на хранопроводот и горниот дел на респираторниот систем. Содржи антиоксидантни, антисептични и антибактериски својства. Потребно е да се консумира најмалку еднаш до четири пати неделно за да се исчистат белите дробови, пишува сајтот easytips.ourfitnesguide.com.