24sedum.net

24 седум вести портал

Кажете ве молам како поминува еден ден на просечен Македонец

Фејсбук статус на Драган Спасов Дац

Кажете ве молам како поминува еден ден на просечен Македонец.

Па вака

Кога ќе станеме прво фаќаме интернет и пуштаме телевизор за да видиме што се случило со политичката ситуација преку ноќ. После се спремаме за на работа и со жената разговараме за политичката ситуација во земјава. Додека се возиме накај работа не зборуваме ништо, туку слушаме на радио што има ново во политиката.
На работа со колегите онака си муабетиме за политика и ги заебаваме колегите од спротивниот табор, а они не заебаваат нас. На работа е супер.

На пауза пиеме кафе и бистриме политика.

После работа одиме право дома да чуеме вести и што има ново на политички план… Додека трепнеш, со забавните теми од политиката, како што се тв дуелите, дошла ноќта и време е за во кревет. Во кревет со жената се расправаме кој која партија ќе биде вечерта, па кога ќе се договориме удираме по една партија со зборовите:

У да ти еб*м ВМРО! У да ти еб*м СДСМ! У да ти еб*m ДУИ! У да ти еб*m АА! У да ти еб*m ААА!

И така, задоволни заспиваме со надеж дека ќе ги сонуваме нашите политички лидери.

Ај добра ноќ!