24sedum.net

24 седум вести портал

Костадинов најавува ПРЕСВРТ ? Да го оставиме Заев да го направи најдоброто што тој го знае

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот Фејсбук профил истакна дека треба да го остават премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, да го прави најдоброто што тој го знае.

„Моето политичко патешествие започна со Зоран Заев, пред 15 години, во огромен одлуките сме се согласувале. Еве доаѓаат моменти кога не можам да се согласам со него. Големите цели ги постигнавме, на многу едноставен начин без притисоци, без репресии, без уцени, од режим, вративме слобода, од регрес, воспоставивме прогрес

Време е кога треба да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што е, да го прави тоа што најдобро го знае, растеретен од товарот на кој кому бил поблизок или подалечен, време е за апсолутно единство, време е за простување, време е за нови победи онака како што ние знаеме по струмички, ама не е време за оставка…“, пишува Костадинов.

Дали статусот на фејсбук на Коста Костадинов е некакво индиректно соопштување дека сепак ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да собере 61 пратеник за изгласување недоверба на владата.

Денеска се јави и премиерот Зоран Заев, кој на фејсбук напиша:

За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.
Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка.

Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.
Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности.