24sedum.net

24 седум вести портал

По цела недела молk, на Фејсбук штотуку се огласи Заев: Упати порака – зад нашата кауза стојат мнозинство од нашите пратеници

По неколкудневен молк, конечно во јавноста се огласи се уште актуелниот претседател на Владата и СДСМ Зоран Заев.

Денеска беше најавено дека ќе се поднесе барање за гласање недоверба на Владата до претседателот на Собранието Талат Џафери.

И покрај најавите, се уште е неизвесно дали има 61 пратеник за да биде изгласана недоверба на Владата.

Во моментов штотуку се огласи премиерот Заев на Фејсбук: За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.

Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка.

Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.
Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности.