24sedum.net

24 седум вести портал

РЕК БИТОЛА ОД УТРОВО НЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА – Двата блока на се во прекин, ЗАГУБИТЕ СЕ УВЕЗУВААТ

Утрово околу 03.30 часот, пукнала цевка и во Блок 1, во РЕК Битола, тврдат за ТВ 24, од енергетските власти. Ова значи дека најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола во моментот не произведува струја. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски не одговара на нашите повици.

И викендов се увезувала струја, цената на пазарот надминала 200 евра за мегават час.

Според најавите од декември треба да стартува и ТЕЦ Осломеј, а сценарио се прави и за ТЕЦ Неготино. А од пред извесен период во функција е ставена и хидроелетраната Маврово, како и хидроелектраните Црн Дрим, Треска и Тиквеш, гасната елекрана Енергетика-Скопје и ветерниот парк Богданци.

Некои од надлежните велат дека засега во прилог ни оди и топлото време, но сепак граѓаните треба да бидат подготвени и за полоши сценарија, рестрикции и поскапа струја.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини поради лошо менаџирање на ситуацијата, од Буџетот за еден месец платени биле 20 милиони евра за купување струја.

 

извор: 24.mk