
Се нижат пораки до Заев: Можно ли е вакво сценарио – нема недоверба на Влада, а Заев како победник на интерпелацијата ја проширува Владата со Алтернатива?
Се повеќе фејсбук статус за поддршка за Зоран Заев да продолжи да го води СДСМ и Владата на земјата. Се поставува прашањето – дали е можно следново сценарио. Во четврток да нема доволен број на пратеници за изгласување недоверба на Владата, со што Заев би излегол како победник со плус 4 пратеници? Дали во еден таков случај, Заев би останал да ја води Владата и Социјалдемократскиот Сојуз? Во меѓувреме пораки со поддршка и од претседателот на младината Марко
Претседателе Zoran Zaev,
Секогаш сме ги почитувале Вашите одлуки, уште еднаш во име на МЛАДИНАТА, која годинава јубилејно одбележува 30 години од своето постоење, бараме да останете предводник на ново и реформирано СДСМ, кое води левоориентирана социјална политика, прогрес и развој на државата кон европскиот пат, СДСМ кој силно се спротиставува на десничарските движења и нуди квалитетни социјалдемократски решенија и политики.
Ваквите промени може да ги предводите само Вие, а СДММ ќе ви биде силата, најголем сојузник и поддржувач!
Младите бараат одговорност за неуспесите и неиспорачаните резултати, но цврсто веруваме дека само на чело со Вас, СДСМ може да се реорганизира и да продолжи уште посилно напред.
Ваша, СДММ