24sedum.net

24 седум вести портал

Британски медиуми: Роналдо би можел да го напушти Јунајтед

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо би можел да го напушти Манчестер јунајтед доколку „Црвените ѓаволи“ не обезбедат место во Лигата на шампиони, објавија британските медиуми.

Роналдо во август годинава се врати во Јунајтед од Јувентус, потпишувајќи двегодишен договор.

Весникот „Дејли Експрес“ пишува дека Португалецот не е задоволен од последните резултати на клубот и јасно му ставил на знаење на раководството дека не сака да игра во Лига Европа.

Содржината продолжува после огласот
Лудо слабеење! Шолја наутро и навечер веднаш го решава вишокот кг!
Sponosored by MonadPlug
Роналдо сезонава на 12 натпревари постигна девет голови, додавајќи и една асистенција.