24sedum.net

24 седум вести портал

Xoџа: Ќе гласаме за недоверба на Владата, а потоа може да зборуваме со СДСМ

Генералниот секретар на Беса во изјава за Алсат вели дека целта на неговата партија е да ја дефакторизира ДУИ, додека за Заев вели дека е @еден од луѓето што најмногу се жртвувал на патувањето на С. Македонија во евроатлантските процеси“.

Тој рече дека, ако во четврток не успеат да ѝ изгласаат недоверба на Владата, Беса секако ќе излезе од владејачката коалиција. Во емисијата „200“ на Алсат, тој рече дека нивниот проблем не е СДСМ, туку дека целта на Беса е да ја тргне власта од рацете на ДУИ.

„Во рушењето на Владата, во чекорот што е депониран во Собранието, ќе учествуваат нашите пратеници. Што ќе биде потоа одлучуваат партиските органи. Не ги затворам опциите дека во иднина ќе можеме да разговараме со СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев, за кој морам да кажам дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Северна Македонија во евро-атлантските процеси“, рече Хоџа.

Партиите кои ја потпишаа иницијативата за недоверба на Владата не разговарале околу понатамошните чекори, вели тој.

„Едноставно, заеднички интерес е рушење на Владата. Ние да ги дефакторизираме ДУИ, а тие да ја урнат власта. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме.

Како ќе се преземат следните чекори, дали ќе има нов мандатар кој ќе дојде да не контактира за да разговараме во широки рамки за принципите како ќе функционира Владата, дали ќе има техничка влада или ќе има брзи избори. е прашање за кое ќе се разговара по четврток, кога ќе има гласање за недоверба“, вели Хоџа.

Тој вели дека, ако во четврток не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, тогаш Беса ќе излезе од владејачката коалаиција.