
Хороскопски знак кој e најмногу опседнат со себеси
Толку многу сака да биде во центар на вниманието така што важи и за зависник од внимание. Лавовите веруваат дека на сите им прават услуга кога ги раскажуваат своите возбудливи приказни од минатото, како и амбициозните планови за иднината. Толку се себични што зборуваат само за себе, пишува Дени Ларкин во колумна за Vice.
Овој хороскопски знак е уверен дека сите околу него се подобро расположени кога тие ќе се појават. Не сфаќаат дека често им одат на нерви на луѓето околу нив. Лавот може многу лесно да се скара со пријателите, да ги налути колегите и да прекине љубовна врска, бидејќи постојано го враќа вниманието на себе. Дури и кога други му сугерираат да ја промени темата, Лавот ќе продолжи да зборува за себе и ќе се чуди на туѓата незаинтересираност кон нив.
На работното место се уверени дека никој не им одава доволно признание за работата што ја вршат. На некои единствена благодарност која им е потребна е платата, но на Лавовите им е потребно да бидат пофалени и се чувствуваат огорчено кога тоа не го доживуваат.
Проблеми на работа имаат и поради уверението дека работите би биле подобри кога тие би биле шефови. Ниту малку не се трудат тоа уверение да го сокријат од шефовите.
Слични се и во врските. Секогаш сакаат да бидат главни – тие ќе го одберат местото на излегување, тие ќе одлучат кога ќе одите дома и што ќе правите на состанокот. Мислат дека можат да се грижат за другите подобро од кој било, па не помислуваат дека нивниот партнер има семејство или пријатели.
Многу се харизматични и често личната харизма ја користат за извлекување од проблеми наместо во шармирање луѓе.