24sedum.net

24 седум вести портал

Муцунски: Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови

Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови! Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда, информира градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните.

На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини.

Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет!, пишува Муцунски на Фејсбук.