24sedum.net

24 седум вести портал

Нема да се гласа недоверба на Владата во четврток? Можно ли е Левица да направи пресврт ако ја нема на листата на пратениците од 61 ?

Најавата на пратеникот Скендер Реџепи дека ја прифаќа понудата од ВМРО-ДПМНЕ да се поднесе нова иницијатива за гласање недоверба на Владата, на која ќе бидат потпишани тој и уште 19 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (а не и Левица), носи нови моменти, пишува ФОКУС.

Пратеникот кој беше против Левица да биде на листата од потпишани пратеници за гласање недоверба на Владата.

Доколку тоа се случи и опозицијата поднесе нова иницијатива, тогаш ќе се смени и денот на гласањето недоверба. Ако опозицијата ја поднесе новата иницијатива утре, тогаш седницата за гласањето ќе треба да биде за три дена, односно во сабота.

Што се однесува до првата поднесена иницијатива, според Деловникот, подносителот истата може да ја повлече, со што ќе се откаже и седницата за гласање недоверба која спикерот Талат Џафери ја закажа за четврток.

Дали со самиот факт дека во овој случај Левица ќе биде отстранета од листата, може да предизвика и нови моменти во одлуките на раководството на Левица, останува да видиме. Можно ли е Левица да остане воздржана, и со тоа опозицијата токму поради овие одлуки да остане без 2 советници ?