24sedum.net

24 седум вести портал

ОФИЦИЈАЛНО: Заврши ЦО на СДСМ – еве што се е одлучено

Вечерва заседаваше Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, а лидерот на партијата Зоран Заев не поднесе оставка од претседателската функција.

Се разгледуваа актуелните случувања во државата и во партијата. Се отвори демократска дискусија и имајќи ги предвид актуелните случувања во државата, ЦО донесе одлука претседателот и премиерот да ја оддложи оставката, додека состојбите во државата не се донесат под контрола, изјави Перо Костадинов, претседател на ЦО на СДСМ.

Во партијата Заев беше пречекан со громогласен аплауз и овации.

Деновиве во фокус е токму темата, дали опозицијата ќе успее да собере мнозинство во Собранието за да изгласа недоверба на Владата. Ова е сепак нов момент според кој се дадени овластувања на Заев да преговара за мнозинство во Собранието.