
Талат Џафери со koментар за вечерашната одлука на ЦО на СДСМ – Заев не треба да се води од моменталните емоции
Заев направи добро што не се повлече. Ова го кажувам како дел од актуелното мнозинство. Не треба да се води од моментални емоции, изјави вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Клик плус“.
Според него, премиерот не треба да носи емотивни одлуки, затоа што има одговорност да ја води Владата.
-Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба, вели Џафери во однос на закажаната интерпелација на владата во четврток.
Можноста за поднесување нова иницијатива за Телма попладнево ја потврдиле од ВМРО-ДПМНЕ откако Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива ја прифатил понудата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да поднесат нова иницијатива на која Реџепи ќе ги избере останатите 19 пратеници со кои ќе ја потпише новата иницијатива за изгласување недоверба на Владата.Во меѓувреме се пишуваат пораки со радост и поддршка за одлуката на ЦО на СДСМ од блиските соработници на Заев.
Меѓу еден од првите е и струмичкиот градоначалник Коста Костадинов, кој на фејсбук пишува дека е време за ред, единство и дисциплина. Не е време за оставка, додаде тој.
И дури вакви пораки се редат за поддршка на Заев, Џафери изјави:
„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“,
Можноста за поднесување нова иницијатива за Телма попладнево ја потврдиле од ВМРО-ДПМНЕ откако Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива ја прифатил понудата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да поднесат нова иницијатива на која Реџепи ќе ги избере останатите 19 пратеници со кои ќе ја потпише новата иницијатива за изгласување недоверба на Владата.