24sedum.net

24 седум вести портал

Арсовсkа ќе го раскине договорот од 243 000 евра за Hовогодишно украсување на Cкопје

За следната година новата градска власт најавува дека ќе ја промени досегашната практика и наместо да најмува фирма за украсување, Градот ќе купи сопствени украси со што веруваат дека ќе се заштедат пари од буџетот

 

Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ќе го раскине договорот кој Град Скопје го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“ за новогодишно украсување на главниот град.

Договорот тежи речиси 15 милиони денари или околу 243 000 евра, а од Град Скопје велат дека побарале раскинување со оглед на енергетската криза.

„Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот за новогодишно украсување“,

велат од Град Скопје.

За следната година новата градска власт најавува дека ќе ја промени досегашната практика и наместо да најмува фирма за украсување, Градот ќе купи сопствени украси со што веруваат дека ќе се заштедат пари од буџетот.