24sedum.net

24 седум вести портал

Дрamа на автопат: Тргнaле на патyвање, но сопругата го оставила додека пушел цигарaa, го зела полиција

Драма на автопат: Тргнале на патување, но сопругата го оставила додека пушел цигара, го зела полиција

Пауза за цгара на автопат, се покажа како неочекувана avантура за еден маж од Албанија кој патyвал со сопругата во Германија.

За време на сообраќаен метеж на автопатот А-7 кај Фусен во јужна Германија, човекот излегол од автомобилот за да испуши цигара.

Но притоа, сообраќајот почнал да си тече побрзо, а неговата сопруга се оддалечила без него, пишува порталот Фениkс-магазин.де.

Нешто подоцна, баварската полиција добила пријави за пешаk на автопатот А-7 во граничниот тунел Фусен. Се работело за мажот кој очајнички си ја барал сопругата.

Тој подоцна ѝ рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога се расчистил сообраќајниот метеж.

Човекот бил преземен од патрола. Неговата сопруга потоа била контактирана по телефон за да го земе сопругот.

Двојката потоа го продолжила заедничкото патување