
„Не постоеше светски лидер кој не ме праша дали оставката на Заев е вистина и кои се мотивите за тоа“, откри Пендаровски
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не постоело светски лидер кој не го прашал дали оставката на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, е вистина.
Тој додава дека имало прашања и за мотивите на оставката.
„Верувале или не, тоа веројатно се случува прв пат на такви глобални собири. Имаше 129 премиери и претседатели, импозантен собир веројатно најголем во време на пандемија. Прв пат се случува една мала, многу мала, во меѓународни односи објективно не толку битна држава, да биде предмет на интерес на многумина. Не постоеше ниту еден од светските лидери кои не ме праша прво дали е ова вистина и кои се мотивите за тоа“, вели Пендаровски.