
На Заев му дојде важен гостин – неколку булевари во Скопје беа блокирани
Холандија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО и наш најпосветен поддржувач за интеграција во ЕУ. Му посакав добредојде на холандскиот премиер Марк Руте, кој денеска е во прва официјална посета на Северна Македонија.
Во изминатите 20 години постигнавме силни билатерални врски. Изразив благодарност за доследната холандска поддршка во градењето на Северна Македонија како европска демократија, слободно општество и слободна пазарна економија, објави Заев на Фејсбук.
Инаку премиерот Заев ја одложи најавената оставка од претседател на СДСМ и премиер бидејќи како што рече потребен е период за стабилизирање и зајакнување на мнозинството.