24sedum.net

24 седум вести портал

Тодоров со порака до новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ: Работете за државата, не за партијата

Немојте да правите ништо за партијата. „За партијата сум спремен сé да направам” е најглупавата премиса и позиција која можете да си ја прифатите.

После вас ќе дојдат други кои исто така ќе се колнат во партијата, ќе сметаат дека е нивна и дека сé од нив почнува,  пишува Никола Тодоров, екс министер за здравство и образование во колумна за Дојче веле, обракајќи им се на новоизбраните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе зборуваат дека никој пред нив ништо не направил, дека 35 години државата тапка во место и дека баш тие се политичката генерација која ќе ја донесе промената. Така е тоа во политиката, па онаа „дај друго дете“ е, за жал, лошата константа. Затоа, мудро.

Не за партијата, туку за државата. Ако правите сé за партијата, државата ќе ве казни, а партијата ќе ве заборави. Ако правите сé за државата, така правите и сé за партијата, па не е важно што државата или партијата можеби ќе ве заборави, туку важно е што нешто добро ќе направите, пишува Тодоров.

 

Како што вели тој, секој е заменлив на секоја функција, освен на таа во своето семејство.