
ЗАПЕЧАТЕН СО ПУРПЕНА автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје
Актуелната претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева утрово беше непријатно изненадена кога на паркингот во Аеродром си го најде автомобилот испрскан со пур пена, со „затворени“ врати и хауба.
Непознат сторител во текот на ноќта со пурпена ги запечатил вратите на автомобилот на доскорешната претседателка на Јанчева од редовите на СДСМ.
За инцидентот Јанчева која живее во скопската населба Аеродром објави на својот Фејсбук профил и му се обрати на актуелниот градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски:
-Вака ли мои сограѓани во Европа🤔 Со заплашување?
Почнавте со чкртање…утрово ова?
Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Тимчо Муцунски безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена, напиша Јанчева.
Јанчева и сега е советничка од редовите на СДСМ и во овој советнички состав во Град Скопје.