24sedum.net

24 седум вести портал

Апасиев за видеото на Реџепи: Оваа Влада не паѓа милум

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска пред Собранието го искоментира и објавеното видео од пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористичkиии организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа Власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата“, порача Апасиев.

На прашањето дали неговите ставови за НАТО и ЕУ, се можеби причина што пратеникот Реџепи размислува така, тој вели: Тоа се само изговори.

Пратеникот до последно беше со нас. Во комуникација беше до синоќа. Ова е мексиканско сценарио. Пендариовски треба да размисли бидејќи ова може да ја радикализира ситуацијата