
Џафери ја преkина седницата, фали пратеник
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина собраниската седница на која треба да се гласа недоверба на Влада повикувајќи го потпретседателот на Собраниете, Фадиљ Зендели да го преземе раководењето со седницата
-Не можам јас да ви правам кворум, рече Џафери и ја прекина седницата.
Инаку во салата беа присутни 61 пратеник вклучувајќи го и Џафери. Според неофицијални информации пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не бил присутен во салата, а беше потписник на иницијативата за гласање на недоверба на Владата на која имаше 61 пратеник.