24sedum.net

24 седум вести портал

Грyби по обвинyвањата за наводни зakани: Срцето на Реџепи спие во Вашингтон и Брисел

Срцето на пратеникот Кастриот Реџепи спие во Вашингтон и во Брисел, рече денеска вицепремиерот Артан Груби по обвинувањата од лидерот на Движењето Беса, дека власта наводно му се заканувала на пратеникот Реџепи и го натерала против неговата волја да не гласа за пад на владата.

– Во Собранието има две линии. Едната води кон запад, а другата води кон изолација. Не е точно дека власта му се заканувала на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

Тој отсекогаш бил ориентиран кон ЕУ и кон НАТО. Неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел – изјави Груби, пренесе Алсат.