24sedum.net

24 седум вести портал

Касами го пријави Реџепи за исчезнат

На социјалната мрежа Фејсбук се појави селфи видео од самиот пратеник Кастриот Реџепи кој од утрово е недостапен.

Тој вели дека е добро и откако ќе поминат заканите ќе раскаже се што се случило.

Касами, кој е негов лидер го пријавил во полиција за исчезнат. Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами во моментов е во полициска станица каде пријавува исчезнување на пратеникот Кастриот Реџепи, пишува ТВ21.