24sedum.net

24 седум вести портал

Милошосkи вели дека знаат каде се наоѓа пратеникот Реџепи – открил од Фејсбук

Пратеникот на Беса, кој се попишмани и одлучи да не гласа за недоверба на Владата, наводно се наоѓа во Бугарија, бидејќи од таму е најавен на социјалната мрежа Фејсбук. Ваква фотографија објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на Фејсбук во Бугарија. Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и тој“, напиша Милошоски, и објави фотографија на која се гледа дека пратеникот на Беса, наводно, се најавил на Фејсбук од Бугарија.

Во меѓувреме Касами објави дека пратеникот веројатно се држи негде против сопствена волја.