24sedum.net

24 седум вести портал

Нajавено е исkлучyвање: Неколку скопсkи општини ќе останат без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 12.11.2021 година (петок), без електрична енергија ќе останат:

Во време од 09:00-12:00 часот корицниците од ул.Атанас Раздолов (парните броеви од 2-16). (општина К.Вода).

во време од 09:00-14:00 дел од корисниците во с.Злокуќани, СИЗ Македонија, Момин Поток, Синтек, Европа 92. (општина Карпош), во време од 08:10-15.30 часот корицниците од с.Раштак(општина Г.баба) и с.Љуботен(општина Бутел), во време од 09.00-11:00 часот корисниците на дел од ул.3 во с.Љубин. (Општина Сарај)

во време од 08:00-12:00 часот корисниците на дел од ул.Зеничка од бр.1-бр.45, ул.Зеничка од бр.21-до број 45. (општина Г.Баба).

АХК: Северна Македонија троши двојно повеќе струја отколку што произведува

Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК) во својата утринска телеграма порачува дека Северна Македонија влегува во енергетска криза и оти во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува поради што црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби.

– Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја, информира директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс.