24sedum.net

24 седум вести портал

Неколку минути пред полноќ се огласи Џафери: Владата продолжува да работи во полн состав

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва пред полноќ ја затвори седницата, на која беше предвидено да се гласа за (не)доверба на Владата.

– Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според Деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата, имајќи предвид дека надминува времето, во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не ѝ е изгласана иницијативата за доверба на Влада. Владата продолжува да работи во полниот состав. Констатирам дека седницата е завршена – рече Џафери.

Во Собранието беа присутни само пратеници од владејачкото мнозинство, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, министрите Радмила Шекеринска, Горан Милевски, Нусрет Нуредини и други.