
Поради немање kворум прекината седницата за гласање доверба на Владата
Поради немање кворум и не можност да се утврди дневниот ред, седницата за гласање доверба на Владата е прекината и како што соопшти потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели дополнително ќе биде известено во текот на денов кога таа ќе продолжи седницата.
При пребројувањето на пратениците беше констатирано дека на седницата присуствуваат 60 пратеници, од кои двајца се позитивни на Ковид-19 и присуствуваат во скафандери.
Зендели, исто така, констаираше дека на седницата не присуствуваат ниту премиерот, ниту други членови на Владата.
Претседателот на движењето БЕСА Биљал Касами на прес конференција пред собранието посочи дека се сомнева оти пратеникот Кастриот Реџепи против своја воља е однесен негде и не може да се појави да гласа за пад на владата.