24sedum.net

24 седум вести портал

Првиот човek на Алтернатива: После ова денес не се гледаме во Влада со Беса, СДСМ ги има заслугите за ЕУ и НАТО

Лесно прашање но одговорот е тежок, изјави за ТВ21 лидерот на Алтернатива Африм Гаши запрашан дали ќе остане во опозиција или ќе влезе од Владата на Заев.

Ќе се консултираме со сите релевантни фактори, меѓународни, регионални и внатрешни фактори и ке одлучиме како понатаму. После ова денеска Алтернатива не се гледа во иста влада со БЕСА. Ние сме одговорна партија, не ни одговараат избори сега, рече Гаши.

Запрашан за непојавувањето на Реџепи, лидерот на Алтернатива рече дека 10 минути пред почетокот на седницата сфатиле дека им недостасува еден пратеник од БЕСА, и по неколку јавувања виделе дека нема да успее иницијативата.

„Во партијата имаме разговарано само за гласање на недоверба на Влада. Тоа денес не помина. За да биде Алтернатива дел од некоја Влада ќе треба да разговараме во партијата, но морам да напоменам – нема Влада со партии кои немаат јасна цел, а тоа е ЕУ, НАТО“, порача Гаши.

Тој додава дека немаат забелешки за СДСМ.

„Тие имаат заслуги за членството на државата во НАТО. Имаат заслуги и за европската агенда“, порача Гаши.