24sedum.net

24 седум вести портал

Трите хоросkопски знаци со најголема интелигенција

Овие три хороскопски знаци се одликуваат со интелектуална љубопитност, но и голема проникливост. Ретко кој може да ја измами Скорпијата, ниту некој има шанси за манипулација.

1. Близнаци

Уште од мали сакаат да истражуваат и испитуваат. Многу се љубопитни, ги интересираат работи од различни сфери. Најчесто се склони кон уметност, многу се интелигентни и духовити. Сакаат да бидат опкружени од луѓе, да водат конструктивни разговори. Бараат интелигентен партнер со кого ќе можат да разговараат за сè.

2. Скорпија

Ниту еден хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Скорпијата. Скоро да нема работи во кои продорниот поглед на Скорпијата не би можел да продре. Секогаш тежнее во се да ја почувствува длабочината, да загребе под површината и да ја увиде вистинската смисла.

Не се обидувајте да манипулирате со нив бидејќи тие го прават тоа, а многу лесно можат да ги увидат туѓите намери.

3. Стрелец

Стрелците секогаш имаат потреба да знаат повеќе и да делуваат прилично несериозно. Меѓутоа, тие и како се проникливи и добро умеат да ја проценат ситуацијата.

Многу се друштвени и знаат како да се постават. Меѓу припадниците на овој знак има доста научници, многу сакаат да вложуваат во својот интелект и најмногу се заинтересирани за математика и наука.