24sedum.net

24 седум вести портал

Десет работи кои на жените им биле забранети пред 100 години

Со векови наназад жените се борат за своите права. Се соочувале со секојдневна дискриминација и ограничена слобода, а Bright Side издвои неколку работи кои во минатото им биле забранети.

Самостојно да одат на шопинг

Секој пат кога жените го напуштале домот, а особено кога морале да одат во шопинг, морале да бидат придружени од страна на нивните мажи. Мажите биле тука да ги штитат, а на жените им било забранети да влегуваат сами на некои места.

Да носат панталони

Во минатото жените носеле само здолништа. Во општеството било аморално жените да носат панталони, а во некои земји, ова се казнувало и со закон.

Право на глас

Мажите сметале дека на жените не им е местото во политиката, па затоа  немале право на глас.

Поседување на кредитна картичка

Жените не можеле да отворат сметка во банка на нивно име. Исто така, не можеле да поднесат барање за одобрување на кредит или да поседуваат кредитна картичка.

Служење војска

Жените не смееле да служат војска, а исклучок било само доколку има војна во државата – тогаш можеле да се приклучат на војската.

Да бидат во порота

Биле сметани за премногу нежни за да учествуваат во толку сериозни судски рочишта.

Немале лесен пристап до контрацептивни пилули

Само мажените жени можеле да добијат упат од лекар за да купат контрацептивни пипули.

Пасош

Откако жената ќе се омажи, морала да има заеднички пасош со сопругот. Не било дозволено жените да патуваат надвор од земјата без нивниот маж.

Работа за време на бременост

Во текот на бременоста, жените добивале отказ од работа. Дури во 1978 година во САД е усвоен закон кој го забранувал тоа.

Да бидат судии и адвокати

Во минатото на жените им било дозволено да студираат право, но потоа не им било дозволено да работат како адвокатки или судии .