24sedum.net

24 седум вести портал

Хороскопски знаци кои не знаат да чуваат тајнa

На некои луѓе не можете да им се доверите бидејќи тие не умеат да чуваат тајна, едноставно мораат да ја кажат некому.

Астролозите велат дека не треба да имате толку доверба во овие три хороскопски знаци бидејќи чувањето тајни им е слаба точка.

Близнаци

За Близнаците се вели дека се најголемите озборувачи во зодијакот. Познати се по тоа што не можат да молчат па затоа не треба да зборувате за вашите интимни работи пред нив. Со нив владее планетата Меркур па оттука произлегува нивната потреба за комуникација.

Девица

Девиците до детали знаат што се случува во животот на нивните најблиски луѓе па можат случајно и ненамерно да ве издадат. Тие се посесивни и сметаат дека треба да знаат сè. Доколку не им раскажете што ве мачи, тие ќе ви се налутат.

Стрелец

Исто како и Близнаците, Стрелците многу сакаат да зборуваат и често се познати како најголеми дрдорковци во друштво. Стрелците се познати по тоа што сакаат да ги преувеличуваат работите и да направат своја приказна. Знаат да направат драма без да има некаква причина за тоа. Затоа бидете внимателни кога сакате да се доверите на некој Стрелец.