24sedum.net

24 седум вести портал

Хороскопски знаци на кои гордоста им е поважна од извинувањето

Овие хороскопски знаци секогаш сметаат дека се во право и ретко кога ќе признаат дека направиле грешка или дека повредиле некого, а најмногу се плашат кога треба да се извинат.

Според Your Tango, овие хороскопски знаци не знаат да кажат „извини“.

Бик

Биковите важат за најтврдоглавиот хороскопски знак, па затоа не е чудно што се на врвот на листата. На нив им е тешко да признаат дека погрешиле бидејќи имаат високо мислење за себе, па ако признаат дека погрешиле сметаат дека со тоа ќе го изгубат нивниот авторитет.

Водолија

Водолијата смета дека овој гест е слабост бидејќи во извинувањето секогаш се вклучени емоции. Затоа, тие наоѓаат необичен начин како да ја средат ситуацијата без да кажат „извини“.

Скорпија

Скорпијата смета дека извинувањето ќе ја открие нивната ранлива страна која се обидуваат да ја сокријат. Кога некој ќе се обиде да им укаже дека не се во право, тие ќе го сфатат толку лично што ќе се налутат и ќе сметаат дека сте против нив.