24sedum.net

24 седум вести портал

МОЖНИ СЕ ДОПОЛHИТЕЛНИ МЕPКИ ЗА НЕBАКЦИНИPАНИТЕ: Ќе се диускутира на состанок следнава недела, најави министерот Филипче

И покрај тоа што Комисијатра за заразни болести денеска не препорача нови рестриктивни мерки, министерот за здравство Венко Филипче, по настанот на кој присуствуваше по повод Светскиот ден на борбата против дијабетес, изјави дека во текот на следната недела ќе дискутираат за можни мерки замо за невакцинираните граќани. Истакна дека секако пред се ќе ги разгледуваат рестрикциите за невакцинираните кои здравствените власти ги носта во земјите од регионот, а потоа ќе се разгледува и кај нас дали ќе има рестрикции за невакцинираните граѓани.

-Дел од членовите на Комитетот за заразни болести имаат обврска да направат, да истражат, како е ситуацијата во околните земји со цел да видиме дали некоја мерка дава резулатати или не. И тоа е многу битно, да се логични мерките, да може да се имплементираат и да може да се спроведуваат и да може да се контролираат. За тоа што се прави во регионот и какви се ефектите од тоа ќе дискутираме следната недела, рече Филипче.

Министерот нагласи дека доаѓа периодот на слави и семејни собирања, заради што сосема слично како и лани, апелираше, граѓаните или воопшто да не ги прават ваквите собирања или пак тоа да се направи во кругот на семејството, само најблиските.

– Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави. Ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Многу мини-бранови тргнаа од тие прослави, нагласи министерот за здравство.
Инаку, смета дека актулнте мерки кои се уште важат во македонија се сосема доволни, единствено што треба, како што рече, е да се почитуваат во угостителските објекти, и секаде каде што има собири…

-Овие мерки се еднакви, како и во сите развиени земји. Го повторувам апелот за вакцинација, иако сме тука некаде во регионот. Во однос на болниците, ќе кажам дека има една карактеристика која е поразлична од предходните, а тоа е дека е намален бројот на пациенти кои се хоспитализирани, како и тоа дека е намален процентот на новодијагностицирани.

ИЗВОР: FAKTOR.MK