24sedum.net

24 седум вести портал

НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЊУЈОРК ЌЕ ЗЕМА ПЛАТА ВО БИТКОИН „Градот ќе стане крипто-центар“

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, вели дека ќе ги земе првите три плати во биткоин, следејќи го примерот на градоначалникот на Мајами.

Адамс на Твитер напиша дека сака неговиот град да биде „центар на индустријата за криптовалути и други брзорастечки, иновативни индустрии“, јавува Си-нет.

„Во Њујорк секогаш одиме на големо, па ќе ги земам првите три плати во Биткоин кога ќе станам градоначалник“, се пофалил тој.

Но, можеби сега и не е најдоброто време градоначалник во САД да одобрува дигитална валута особено откако во целата земја се засилува контролата на берзите за криптовалути. Сепак, биткоинот можеби е во пораст во градот на Големото јаболко. На 19 октомври, „ProShares“, фирма за управување со вложувања, го лансираше „Bitcoin Strategy ETF“, првиот берзански фонд поврзан со Bitcoin кој влезе на Њујоршката берза.