24sedum.net

24 седум вести портал

Бислимовски потврди: Поскапување на струја од јануари ќе има

Регулаторната ќе направи се да се избегнат ценовни шокови, но поскапување на струја од јануари ќе има, потврди претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Колку ќе биде поскапувањето засега никој не може да предвиди, а Регулаторна ќе ги искористи сите опции кои се на располагање како намалување и укинување на профит и маржи, но ако треба и Владата со буџетски средства да го намали ценовниот шок.

Претседателот на Регулаторна, е дециден дека рестрикции не се опција бидејќи дури тогаш ситуацијата ќе се влоши, системот ќе се распадне, а цените за увоз на струја ќе бидат астрономсkи