24sedum.net

24 седум вести портал

ТВ21: Три можни имиња за наследник на Заев во СДСМ – меѓу нив и Богоев

По губењето на повеќето општини на локалните избори, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев си поднесе оставка и од двете позиции.

Сега следува пребарување на нов лидер меѓу социјалдемократите кој треба да го замени Заев.

Според информации на ТВ21, три имиња се во игра за на Бихаќка. Дане Талевски, Петре Шилегов и Стефан Богоев.

Според партискиот статут, вонредни внатрепартиски избори треба да се распишат во рок од 15 дена од престанокот на функцијата, кога се одредува и датумот за нивно одржување.

Вонредни избори се одржуваат според истата процедура како и редовните внатрепартиски избори, а се распишуваат во случај на оставка на претседателот на партијата, со изгласување недоверба или со престанок на функцијата по кој било основ.

Инаку, пред неколку дена заседаваа Извршниот и Централниот одбор на партијата каде беше донесена одлука Заев да остане на функцијата уште некое време.