24sedum.net

24 седум вести портал

Груби: Пратениците кои беа доведени во заблуда ќе ни се приклучат. Немаме контакт само со Левица, нема ни да имаме

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска пред медиумите изјави дека „сите пратеници кои биле доведени до заблуда од своите партиски лидери“ ќе се вклучат во новото парламентарно мнозинство во наредниот период.

„Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна на патот до ЕУ кој е загарантиран и сум убеден дека пратениците беа ставени во заблуда од два-тројца партиски лидери. За нив сум убеден дека ќе дојдат во мнозинство“, изјави Груби.

„Немаме контакти само со Алтернатива, туку имаме и со БЕСА, Алијансата за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ. Немаме контакти апсолутно само со Левица и нема ни да имаме“, порача Груби.