24sedum.net

24 седум вести портал

Дали некој ги контролира сертификатите за примени вакцини

Два угостителски објекти во Скопје и еден во Гостивар викендот се затворени од страна на пазарниот инспекторат. Не ги почитувале Ковид протоколите и примале гости без сертификат за вакцинација. Одговорните во локалите треба да платат и парични казни.

Но, дали некој ја контролира веродостојноста на сертификатот.

Во јавноста се погласно се зборува дека голем број граѓани користат фалсификат за да влезат во угостителски или други објекти.

Неколку вакви коментари беа јавно напишани и под статусот на официјалната Фејсбук страна на министерот Филипче, во кој тој потсетува дека од денес задолжителен е сертификат со две примени дози вакцина.

– Кој контролира, сите имаат сертификати лажни, по локали не ни бараат, џабе мерки кога нема кадар да ги спроведе.

– Не сфаќам зошто се малтретирате да носите закони кога ниту некој ви ги почитува, ниту имате желба и капацитет да ги спроведете.

– Ептен ви ги почитуваат мерките, со лажни сертификати секаде, се само дел од коментарите.

Од пазарниот инспекторат најавија дека продолжуваат со контролите, но тие немаат надлежност да ги легитимираат гостите, тоа може да го сторат само полициски службеници. Дали примаат гости без или со сомнителен сертификат ДПИ може да бара одговорност само од одговорните во локалите.

целиот текст може да го прочитате на sitel.com.mk