
Убав гест: Српските фудбалери премијата од 1 милион евра ќе ја донираат на болни деца!
Медиумите од Србија пренесуваат дека фудбалерите решиле премијата од 1 милион евра за победа над Португалија да ја донираат и овие пари да бидат користени за лечење на болни деца.
Пред експедицијата на Србија да отпатува во Португалија, претседателот Александар Вучиќ се качи во авионот за да им посака среќа и да им вети премија од 1 милион евра за победа во Лисабон и плсман на мундијалот во Катар.
Со голот на Митровиќ во 90. минута, „орлите“ синоќа триумфираа над Португалија и обезбедија настап на Светското првнество во 2022 година.
Па ветувањето на претседателот Александар Вучиќ денеска е реализирано и парите се префрлени на сметка на Фудбалската федерација на Србија.
Но според медиумите, српските фудбалери нема да ги поделат овие пари, тие се договориле да ја донираат сумата од 1 милион евра и средствата да бидат користени за лечење на болни деца.