24sedum.net

24 седум вести портал

Дирekторот на ГТЦ: Имаме 500 до 600 дуќани, ситуацијата не може да се контролира

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, во изјава за „ТВ21“ вели дека од медиумите дознал за случајот со копањето криптовалути кој беше откриен во магацински простор во сутеренот на ГТЦ.

„Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата бидејќи се работи за 500 до 600 дуќани, магацински и деловен простор и друг вид на простории“, изјави Трајчевски за случајот

Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ “имало поставено машини за копање крипто валути” односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути,

извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути.

Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост , не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик.

Во август 2021година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути.Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ