24sedum.net

24 седум вести портал

Мајката која роди под мост во Прилеп има 30 години, ова и е 10 дете и сите се од различни партнери

Во добра здравствена сосотојба се и бебето и мајката која завчера се породи под мост во Прилеп, информираат од одделот за гинекологија и акушерство од ЈЗУ Општа болница Прилеп за Фокус.

фото : markukule.mk

Инаку, станува збор за жена бездомник која живеела под мостот на ул. „Димо Наредникот“ во Прилеп, каде и се породила.

Социјалната работничка, Наташа Јованоска од прилепската болница за порталот вели дека родилката е на 30-годишна возраст и дека ова и е десетто бебе и сите се од различен партнер. Таа информира и дека истата жена кога го добила првото дете го оставила на Бит Пазар, а сите останати деца се згрижени во дом.

За овој невообичаен случај е запознаен и кабинетот на градоначалникот на Прилеп, од каде изјавиле дека ќе постапат за случајот.