24sedum.net

24 седум вести портал

ШВЕДСКА ГО ИЗВЕЗУВАЛА KOРОНАВИРУСОТ? Благите мерки се причина за ширење на пандемијата

Стратегијата за справување со коронавирусот во Шведска помогнала да се рашири болеста и во другите земји, покажало најновото научно истражување објавено во списанието „Eurosurveillance“.

Студијата била спроведена од истражувачи од Универзитетот Упсала во Шведска, Институтот за јавно здравје на Норвешка и од Универзитетот во Сиднеј, Австралија, а резултатите покажале дека токму Шведска била нето-извозник на вирyyот во соседните нордиски земји во првата година од пандемијата.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Шведска вовела премногу благите мерки за да го запре ширењето на пандемијата, а тоа придонело за голем број инфекции, како и за мутација на вирусот.

Во истражувањето биле опфатени 71.000 пациенти, а тоа им овозможило на научниците да го анализираат генетското потекло за ширење на вирусот во скандинавската област.

„Нашите резултати покажуваат дека шведската стратегија за порелаксирани мерки имала големо влијание врз епидемиолошката состојба во земјата, но и во целиот нордиски регион“, наведуваат научниците.