24sedum.net

24 седум вести портал

Апелациониот сyд донесе ОДЛУKA: Момчето кое на пешачки ја прегази и усmрти Верица Белчовска е осудено на две ипол годишна затворска kaзна

Апелациониот суд за тешката несреќа која се случи во Струмица во април годинава во која загина 20-годишната Верица Белчовска која беше прегазена на пешачки премин во центарот на Струмица, донесе одлука момчето што ја прегази и што го напушти местото на несреќата да добие казна затвор од две години и шест месеци.

Адвокатката на семејството на Верица вели дека за родителите тоа е неприфатливо ниска казна и дека тие не биле известени за одржувањето на јавната седница.

-Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живоот, рече адвокатката Сања Мирчов.

Семејството на Верица после нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи, тие рекоа дека со овој хуман чин нашле сили да продолжат напред.